Суспендираниот напаѓач на Манчестер јунајтед, имаше прва објава на социјалните мрежи по пауза од 77 недели, откако објави дека заедно со својата девојка Хериет Робсон станале родители. Со фотографија на која е двојката и новороденото бебе има само датум: „11.07.23“.
Гринвуд беше уапсен на почетокот на 2022 под обвинение за силување и физички напад, откако Робсон на социјалните мрежи објави фотографии на која е повредена и снимки од заканите кои ги добила, по што веднаш беше суспендиран од клубот. Една година подоцна, во февруари 2023, полицијата ги повлече обвинувањата, а Гринвуд повторно беше забележан со својата девојка.
„Ѓаволите“ уште го имаат суспендирано Гринвуд, со шпекулација дека сакаат да го задржат во клубот, но дека оваа сезона ќе е го пратат на позајмица. 21-годишниот напаѓач има договор со Јунајтед до 2026.