Top Sport

Меси се сретна со соиграчите од Интер Мајами

Лионел Меси го посети тренинг центарот на Интер Мајами и се сретна со своите нови соиграчи. Сепак, клубот нема да објави фотографии од активноста со учество на аргентинската ѕвезда сѐ до официјалното објавување на неговиот ангажман.

Меси вчера ги помина медицинските прегледи и в недела ќе биде претставен пред околу 20.000 навивачи на Интер Мајами. Ден подоцна ќе одржи прес-конференција за медиумите, а во четврток може да дебитира против мексиканскиот клуб Круз Азул.

Аргентинецот потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами на 7 јуни.

Во меѓувреме, официјалниот Инстаграм профил на клубот забележа огромен раст на нови следбеници. На денот кога стана јасно дека Меси ќе се приклучи на тимот, профилот го следеле 900.000 луѓе, а моментно бројката е 8,6 милиони. Со повеќе следбеници на социјалната мрежа, можат да се пофалат само четири спортски организации во САД.

Тоа се кошаркарските клубови Голден Стејт Вориорс со 30,9 милиони следбеници, Лос Анџелес Лејкерс (22,8 милиони), Кливленд Кавалирс (12,4 милиони) и Чикаго Булс (9,8 милиони).

Scroll to Top