Репрезентативците на Англија Фил Фоден и Мејсон Гринвуд се исфрлени од националниот тим и нема да настапат на мечот со Данска во Лигата на нации.
Талентираните фудбалери на Манчестер Јунајтед и Манчестер сити ги прекршиле правилата за карантнот. Тие во хотелот во Исланд ги повикале своите девојки.
Фудбалската асоцијација на Англија решила веднаш да ги истражи новинарските пишувања. Откако утврдиле дека тие ги повикале своите девојки во хотелот веднаш биле отстранети од тимот.
Англија во првото коло, во Лигата на нации, победи во Рејкјавик со голот на Стерлинг од пенал постигнат во 90 минута. Фоден овој натпревар го започна во стартниот тим, играше до 68 минита кога на неговото место влезе Дани Ингс. Гринвуд против Исланд играше од 78 минута.
Двајцата против Исланд дебитираа во националниот тим.
Данска ќе ја пречека Англија утре од 20.45 часот.