Top Sport

Гринвуд се откажа од Англија, ќе игра за Јамајка

Мејсон Гринвуд, најдобриот играч на Олимпик Марсеј го смени спортското државјанство. Одлуката на Гринвуд ја поврди и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Гринвуд поднел официјално побарал дозвола да настапува за Јамајка, а во иднина ќе го носи дресот на оваа репрезентација.

Гринвуд е роден во Бредфорд, а како играч ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Англија од У15 до У21.

Младинската кариера ја изгради во Манчестер јунајтед, дебитираше за првиот тим, беше означен како нова голема ѕвезда на „црвените ѓаволи“, но потоа му се случи скандалот, кога тогашната девојка, а сега негова сопруга го обвини дека физички ја злоставувал и ја силувал.

На крајот девојката ги повлече обвиненијата, во меѓувреме и се омажи за Гринвуд.

Крилниот напаѓач поради тој скандал беше остранет од тимот на Манчестер јунајтед, не играше речиси една година, а потоа беше испратен на позајмица во Хетафе во летото 2023 година, каде ја оживеа кариерата, а една година подоцна го напушти „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед го продаде за 26 милиони евра во Олимпик Марсеј.

Оваа сезона Гринвуд одигра 24 натпревари, постигна 15 гола и забележа три асистенции во француската Лига 1.

Scroll to Top