Top Sport

Гризман: Го заслужив непријателскиот однос на навивачите на Атлетико

Антоан Гризман признава дека заслужил да биде исвиркувана од навивачите на Атлетико Мадрид кога се врати во клубот во 2021 година, велејќи дека предизвикал „многу штета“ со трансферот во Барселона.

Французинот премина на „Ноу Камп“ во 2019 во договор од 121 милиони евра, една година откако сними бизарен документарен филм „Одлука“ во кој ја одби Барса и вети верност на Атлетико. Но, по неуспехот во каталонскиот тим, тој во 2021 година се врати на позајмица на „Метрополитано“, пред минатиот октомври да потпише постојан трансфер за 25 милиони евра.

„Предизвикав многу штета на фановите. Ти ми дадоа се и на крајот си заминав бидејќи сакав да го направам тоа, ми беше потребно тоа. Да бев обичен навивач и јас ќе бев многу лут. Затоа го заслужував тоа. Но, потоа станав многу скромен и работв да го сменам тоа. Тие кои ме познаваат, знаат колку ми е потребен тој однос со фановите. Потребна ми е нивната љубов, нивната поддршка“, вели 31-годишниот Гризман, кој има договор со „рохибланкос“ до 2026 година.

Гризман има 149 гола во 326 меча за Атлетико со што е трет на вечната листа, зад Адријан Ескудеро (169) и Луис Арагонес (172).

Scroll to Top