Барселона се квалификувше во осминафиналето на Копа дел реј, иако до 72. минута губеше од третолигашот Ибица на славниот остров попознат по ноќниот живот и забавите отколку по фудбалот.
На вештачкиот терен на стадионот „Кан Мисес“, кому за овој меч му беше зголемен капацитетот од 2.000 на 6.500, Ибица, која настапува во Сегунда Б дојде во водство преку Пеп Кабалје уште во осмата минута, а тимот на Кике Сетиен, без Лео Меси во составот се мачеше повеќе од еден час да се врати во игра. Покрај голот, Ибица имаа и еден поништен гол, а еднаш ја погодија и пречката!
Сепак, тука беше „џокерот“ Антоан Гризман, кој прво во 72. минута израмни на 1:1, за во 94. минута, да обезбеди пласман на огромниот фаворит.