Барселона го плати Антоан Гризман 120 милиони евра, тој не ги оправда очекувањата поради што гласни се најавите дека тој ќе се најде на трансфер листата. Наспроти овие шпекулации францускиот напаѓач во интервју за шпанските медиуми рекол дека нема намера да ја напушта Барселона.
„Би сакал во Барселона да го добијам дресот со бројот седум. Фудалот ми недостига. Изолацијата минува добро, но малку е здодевно, нема многу работи што можам да ги правам. Навистина не знам кога ќе започнеме со тренинзите“, рекол меѓу другото Гризман.
„Жал ме шти го одложија Европското првенство, но тоа беше правилна одлука. Тоа е добро за нашата репрезентација бидејќи имавме неколку повредени играчи“, заклучил напаѓачот на Барселона.