Top Sport

„Ливерпул треба да ја добијат титулата“

Поради пандемијата со вирусот КОВИД-19 постои можност сезоната во Премиерлигата да не заврши. Во случај на вакво сценарио нејасно е дали би биле верифицирани позициите на тимовите или првенството би било поништено.

Од евентуалното поништување на сезоната најмногу причини за незадоволство ќе имаат во Ливерпул. Екипата од „Енфилд“ речиси ја освои титулата на која чека три децении. На 11 кола до крајот Ливерпул има 25 поени повеќе од Манчестер сити.

Играчот на Манчестер сити Илкај Гундоган смета дека на Ливерпул треба да им биде доделена титулата за сезоната 2019/2020.

„Немам проблем со тоа. Треба да се биде спортист и да се признае“, рекол Гундоган кој не се согласува со можноста да се игра без публика доколку првенството продолжи.

„Искрено, такво сценарио не можам да замислам, не знам колку е тоа реално“.

Scroll to Top