Антоан Гризман, најскапото и најзвучно засилување за Барселона во летниот преоден рок, ги постигна првите голови за својот нов тим на официјален натпревар.
На отворањето на новата сезона на „Ноу Камп“, францускиот репрезентативец постигна два гола со кои направи пресврт против Бетис, односно негативата од 0-1 ја претвори во водство на својот тим.
Вториот гол што го постигна Гризман беше мајсторски. На новинарите има кажал дека не тоа е нешто што го научил на тренинзите од Лионел Меси.
„Вториот гол? Меси така погоди на тренинг, решив да го имитирам, имав среќа што погодив. Среќен сум што победивме. Целиот тим покажа квалитет по лошото издание во првото коло. Ова е резултат на тимската игра“, рекол Гризман.