Top Sport

„И да добие илјада понуди Икарди ќе остане во Интер“

Мауро Икарди бил цврст во намерите да остане во Интер, открила неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара.

Од почетокот на преодниот рок медиумите пренесуваа дека новиот тренер на Антонио Конте порачал дека Аргентинецот може да си оди од клубот. За неговите услуги се распрашуваа неколку врвни екипи од Атлетико Мадрид, Тотенхем, ПСЖ, Рома, Наполи и Јувентус, но тој не сака да го смени клубот.

„Вистина е дека Маури одби неколку понуди“, рекла Ванда Нара.

„Од почетокот на преодниот рок сите знаеја каква ќе биде неговата одлука. Мислам дека ќе остане во Интер. Тоа е негова одлука, мислам дека нема да ја смени дури и да добие илјада понуди. смета дека не завршил со Интер. Имаше понуди што други играчи не би ги одбиле, но тој го направи тоа“, рекол менаџерката на Икарди.

Икарди е во Интер од 2013 година, а во сезоната 2014/2015 година бил најдобар стрелец во Серија А.

Scroll to Top