Top Sport

Гризман: Направив лоши работи…

Антоан Гризман од вчера е нов играч на Барселона. Каталонците ја активираа неговата откупна клаузула од 120 милиони евра и го засилија нападот. Гризман, во новиот клуб нема да го носи омилениот број, седумката е во сопственост на Фелипе Кутињо, поради што францускиот репрезентативец го одбра бројот 17.

„Гласавме во семејството и решивме да го избереме овој број“, рекол Гризман.

На прес конференцијата новинарите го потсетиле дека лано бил блиску до Барселона.

„Направив лоши работи, но не жалам. Не се играв со емоциите на навивачите и не барам никој да ми прости. Сакав да го облечам овој дрес. Сите мојот одговор ќе го добијат на теренот.“

„Имам почит кон Атлетико, им благодарам…Благодарност и до Браселона што ми дадоа шанса“, истакнал Гризман.

Scroll to Top