Top Sport

Оливер Торес деветто засилување за Севилја

Враќањето на Мончи, на функцијата спортски директор и именувањето на Хулен Лопетеги за нов тренер, предизвика голема реконструкција во тимот на Севилја. Клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ досега потпиша со девт нови играчи, последен што пристигна во клубот е Оливер Торес.

Севилја, во актуелниот преоден рок е еден од најактивните клубови. Досега на засилувања, заклучно со трансферот на Оливер Торес, потрошија 115 милиони евра.

Торес досега играше за Порто, а клубовите се договориле за 12 милиони евра тој да се пресели во Андалузија.

24 годишниот фудбалер е продукт на младинската школа на Атлетико Мадрид. Кариерата ја започна во 2014 година, но не успеа да му се наметне на Диего Симеоне, па клубот го испрати на позајмица во Порто. Португалците во 2016 година го откупија неговиот договор од Атлетико.

Покрај Оливер Торес во Севилја летовото пристигнаа Жил Кунде, Диего Карлос, Лукас Окампос, Фернендо, Џон Џордан, Манс Дабур, Серхио Регуилон и Лук де Јонг.

Scroll to Top