Top Sport

(Видео) Дибала во финишот го скрши Удинезе

Фудбалерите на Рома, предводени од Паоло Дибала, славеа над Удинезе со 3:1 и се искачија на петтото место на табелата. Рома ги искористи поразите на Аталанта и Фиорентина, сега има поен повеќе од овие два тима.

Натпреварот на „Олимпико“ го обележа Аргентинецот Дибала со асистенција и гол.

Дибала му асистираше на Манчини во првото полувреме, кога дефанзивецот погоди за 1:0. Во 58.минута изедначи поранешниот француски репрезентативец Тован.

Рома во финишот дојде до трите бода со головите на Дибала, по изворедната асистенција на Лукаку во 81.минута и Ел Шарави во 90.минута.

Foto/ EPA

Scroll to Top