Top Sport

Гризман нема намера да замине, неговата менаџерка бара итен состанок со клупските челници

Антоан Гризман ја надополни листата на проблеми на сите полиња, со кои сезонава фудбалскиот клуб Барселона. Францускиот репрезентативец на последните четири натпревари само еднаш беше стартер, а на последниот натпревар во игра влезе во 90 минута.

Во вторникот, по мечот со Атлетико Мадрид (2:2) тренерот на Барселона Кике Сетиен изјави дека ќе разговара, но дека нема намера да му се извини на Гризман.

Поради ситуацијата во која се наоѓа Гризман, неговата сестра која е и негов менаџер наредната недела закажала состанок со раководството на клубот.

Наводно клубот планирал тој да биде вклучен во некоја размена, со Интер за Лаутаро Мартинез или со ПСЖ за Нејмар.

Сепак според информациите од Шпанија Гризман јасно им порачал на сите во Барселона дека нема намера да го напушти клубот.

Антоан Гризман минатото лето за сума од 120 милини евра од Атлетико се пресели во Барселона. Со Каталонците потпиша договор до јуни 2024 година.

Сезонава на 43 натпревари во сите конкуренции има постигнато 14 голови.

Scroll to Top