Атлетико Мадрид стигна до тешка 0:1 победа на гостувањето кај Валенсија во последниот меч од третото коло од Ла лига, благодарение на „џокерот“ Антоан Гризман, чие влегување во игра повторно ќе ги зголеми шпекулациите за „матните“ игри на Диего Симеоне.
„Рохибланкос“ се мачеа да дојдат до шанса во првиот час игра, по што Гризман влезе во 64. минута од мечот и само две минути подоцна постигна гол по асистенција на Томас Лемар. Ова е трета недела во низа Симеоне да го поставува во игра Французинот по 60. минута од мечот, наводно поради клаузулата во неговиот договор за позајмица од Барселона, односно Атлетико да немаат обврска да го купат Гризман за 40-тина милиони евра.
Standings provided by SofaScore LiveScore