Top Sport

Гризман си оди, доаѓа Кавани

Атлетико Мадрид е во потрага по нов напаѓач. откако вчера Антоан Гризман потврди дека ќе го напушти клубот. Атлетико од неговиот трансфер ќе заработат 120 милиони евра.

Според шпекулациите најблиску до „Ванда Метрополитано“ е Уругваецот Единсон Кавани, кој е еден од играчите што летово ќе го напуштат ПСЖ.

Кавани е минатата сезона се поврзуваше со Атлетико, но преговорите беа прекинати во моментот кога Гризман објави дека ќе остане во клубот.

Уругваецот е најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, на 184 натпревари има постигнато 133 гола.

Покрај Кавани, Атлетико се поврзува со уште еден фудбалер на ПСЖ. Станува збор за Анхел Ди Марија, за чии услуги наводно се интересира и Барселона.

Гризман потврди дека заминува од Атлетико! (видео)

Scroll to Top