Top Sport

Гризман потврди дека заминува од Атлетико! (видео)

Иако минатата сезона потпиша продолжување на договорот, Антоан Гризман потврди дека заминува од Атлетико Мадрид преку видео поставено на официјалниот Твитер акаунт на шпанскиот клуб.

Французинот потпиша продолжување на договорот на пет години минатото лето, но сега потврди дека саботниот меч против Леванте ќе биде последен во дресот на „јорганџиите“. Ова доаѓа откако повторно се засилија шпекулациите дека трансферот во Барселона е неизбежен, слично како по СП минатата година.

Барселона се подготвени да платат 125 милиони евра за да се активира клаузулата во договорот на Гризман, откако лани не успеаја да го обезбедат неговиот потпис. 28-годишниот Французин дојде во Атлетико од Реал Сосиедад во 2014 година.

„По разговорите со Чоло, Мигуен Анхел и луѓето од клубот, сакав да разговарам со фановите кои ми дадоа толку многу. Решив да заминам, да видам други работи, да имам нови предизвици, бидејќи тоа ми е потребно. Поминав фантастични пет години и ги освоив првите важни трофеи со клубот. Уживав, го оставав срцето на теренот, се обидував да се однесувам прикладно и да им дадам радост на навивачите на ’Метрополитано’. Само благодарност за сите вас“, вели Гризман во видеото.

Scroll to Top