Top Sport

Кари незаприлив, Вориорс поведоа во серијата со Портланд (Видео)

Голден стејт Вориорс ја забележаа првата победа во финалната серија, во Западната конференција. Вориорс пред своите навивачи славеа над Портланд Трејлблејзерс 116:94.

Актуелните шампиони имаа предност во текот на целиот натпревар, Блејзерс на моменти успеваа да се доближат, но немаа решение за Стеф Кари. Бекот на Вориорс ја презеде лидерската улога во отсуство на Кевин Дурент.

Кари го предводеше тимот со 36 поени, тој од 15 обиди успеа да погоди девет тројки. Го следеа во чекор Клеј Томпсон со 26 поени, односно Дрејмонд Грин со 12 поени и 10 скока.

Вориорс погодија 17 тројки, а Портланд само седум и тука е клучот на триумфот на актуелните шампиони.

Портланд го предводеа Демијан Лилард со 19 поени, два помалку постигнаа Си Џеј Мекалум, Родни Худ и Морис Харклес.

Scroll to Top