Top Sport

Гризман со необично оправдување: Не сме навиканти да играме пред публика

Франција вчера беше „сопрена“ од Унгарија, одигрувајќи само 1:1 со аутсајдерот во „групата на смртта“, и Антоан Гризман, кој го постигна израмнувачкиот гол има необично оправдување – играњето пред 60.000 фанови на „Пушкаш арената“.

Унгарците им направија многу проблеми на Французите, кои уште се сметаат за главни фаворити за титулата на ЕУРО, но напаѓачот на Барса вели дека имале неочекувани проблеми.

„Не се снајдовме најдобро на теренот, бидејќи мислам дека се навикнавме да играме со тишина на трибините. Знаевме од почеток дека ќе биде компликувано“, вели 30-годишниот Гризман.

Scroll to Top