Top Sport

Росадо со нокаут на годината против узбекистанскиот фаворит

Олимпискиот шампион Бектемир Меликузиев очекуваше дуелот со Гејб Росадо да биде само чекор напред кон посилни противници, но Американецот успеа да го фати со еден од најдобрите нокаути во 2021 година за да го совлада боксерот со прекар „Були“.

Росадо, кој имаше четири порази во последните осум меча, во Ел Пасо, Тексас имаше тежок почетоко на мечот, едвај преживувајќи ја првата рунда во која беше во нокдаун, но потоа го начека агресивниот противник во третата рунда за апсолутно брутален нокаут.

Scroll to Top