Top Sport

„Гробарите“ ја уништија ложата на стадионот на Партизан

Лутите навивачи на Партизан, попознати како „Гробари“, успеаја да влезат на стадионот на „Хумска“ и да ја демолирааат ложата на стадионот и да остават порака незадоволни од управата на клубот.

Пред мечот со Радник Сурдулица и по киксот на Црвена звезда против Чукарички, „црно-белите“ можат да се искачат на врвот на табелата, меѓутоа тоа не ги разубедува навивачите кои се незадоволни од водството на клубот, предводено од Милош Вазура.

Управата на клубот, секако, нема да биде на стадионот, како и претходните мечеви оваа сезона, вклучувајќи го и европскиот дуел со Нордсјеланд, кога навивачите протестираа.

Scroll to Top