Top Sport

Грујиќ: Кутињо ќе биде убедливо најдобриот фудбалер во Германија

Поранешниот соиграч на Филипе Кутињо од Ливерул, Марко Грујиќ вели дека Бразилецот ќе биде „најдобриот фудбалер во Германија“, откако тој пристигна во Минхен да го комплетира договорот за трансфер во Баерн Минхен.

27-годишниот Кутињо уште не е официјално претставен како фудбалер на Баерн, но јасно е дека „кошмарот“ од Барса за него заврши откако на „Ноу Камп“ од јануари 2018 не покажа ниту дел од својот талент со кој „жареше“ со Ливерпул.

Грујиќ, кој играше со Кутињо на „Енфилд“, а сега е позајмен фудбалер во Херта Берлин, вели дека Баерн ќе биде на „друго ниво“ со него.

„Голема работа е Бундеслигата да има шанса да го види Кутињо. Тој е посебен и возбудлив фудбалер кој умее да прави луди работи. Знае неверојатни трикови и уживав на секој тренинг со него во Ливерпул. Тој ќе биде убедливо најдобриот фудбалер во Германија“, вели Србинот за „Билд“.

Покрај Кутињо, во Баерн ова лето пристигнаа и Бенжамин Павар, Лукас Ернандез, Јан-Фиете Арп, Иван Перишиќ и Микаел Кусанс.

Scroll to Top