Top Sport

Мурињо плачеше по фудбал (видео)

Жозе Мурињо од декември не е тренер на ниту еден клуб, откако Манчестер јунајтед му ја откажа верноста, и очигледно фудбалот многу му недостасува откако се појави видео на кое низ солзи објаснува колку му недостасува фудбалот.

Мурињо од неодамна е коментатор на „Скај спорт“ каде што ја коментира Премиер лигата, меѓутоа очигледно, му недостасува работата.

„Првиот момент кога почнав да работам во професионалниот фудбал го почувствував тоа ’клик’. Од тој момент тоа се сериозни работи. Без престан. Сега, кога не сум веќе тренер, наместо да уживам, многу ми недостасува. Во моментов учам германски бидејќи него знам. Зборувам англиски, шпански, француски, португалски и италијански“, вели Мурињо за „Газета дело спорт“.

Scroll to Top