Top Sport

Реал подготвуваат последна понуда за Ериксен

Иако се очекуваше да почекаат уште една сезона и да го добијат бесплатно, Реал Мадрид се подготвени во финишот на европскиот преоден рок да дадат понуда за Кристијан Ериксен од Тотенхем, вредна 60 милиони фунти.

Англиските клубови не можат да носат нови засилувања по крајот на преодниот рок, но во Шпанија, Германија, Италија и Франција тој трае до 2 октомври и можни се зделки. Според „Сан“, Мадрид не се откажале од интересот за Ериксен и чекаат во последен момент да дадат понуда со „намаление“ од 60 милиони фунти.

Ако Тотенхем го одбијат ова, се наоѓаат во незгодна ситуација – Ериксен има само уште една година од договорот со клубот од северен Лондон, така што не можат да бараат многу пари за 29-годишниот Данец за кого претходно беа заинтересирани Манчестер јунајтед.

Ериксен дојде во Тотенхем од Ајакс во август 2013 за 11 милиони фунти. Единствен проблем е Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, кој е познат како „тежок“ преговарач за своите фудбалери.

Scroll to Top