Top Sport

Гуедеш во Вулверхемптон

По 198 одиграни натпревари за Валенсија, Гонзало Гуедеш го смени клубот и потпиша договор со Вулверхемптон. Двата тима доцна синоќа го потврдија трансферот.

Гуедеш пристигна во Валенсија во 2017 година. Оттогаш одигра 198 натпревари во сите натпреварувања и постигна 40 гола на 32 асистенции.

Своето деби за Валенсија го имаше на почетокот на септември 2017 година, а во 2019 година го освои Копа дел Реј.

Трансферот изнесува 30 милиони евра плус одредени бонуси. Ова го прави трансферот на Гуедеш четврти најскап во историјата на клубот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');