Top Sport

Гундоган демантира дека има преддоговор со Барселона

Илкај Гундоган сѐ уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Ова го изјави неговиот чичко Илхан Гундоган, кој е и агент на играчот од средниот ред. Според него, нема ништо точно во информацијата дека неговиот внук веќе потпишал преддоговор со каталонскиот гигант Барселона.

„Ме чуди од каде потекнуваат овие пишувања за преговори и договори. Немаме договор со ниту еден клуб. Сѐ уште не е познато каде ќе игра Илкај. Тој е капитен на Манчестер Сити и се бори за три трофеи до крајот на сезоната. Тоа е сѐ што го интересира во моментов“, изјави агентот на Гундоган.

Договорот на 32-годишниот играч за врска со „граѓаните“ истекува на лето и Пеп Гвардиола се надева дека ќе го задржи во својот тим. Сепак, Барселона упати примамлива понуда до Гундоган, која вклучува договор за две сезони и годишна плата од 12 милиони евра.

Scroll to Top