Top Sport

Гундоган ја прифатил понудата на Барселона

Барселона е многу блиску до ангажман на Илкај Гундоган од Манчестер Сити, пренесува каталонскиот весник „Спорт“. Изданието тврди дека играчот од средниот ред веќе ја прифатил понудата на Каталонците за тригодишен договор и шефовите на тимот сега се целосно уверени дека набрзо ќе ја завршат зделката.

Гундоган има сѐ уште обврски кон Манчестер Сити, играше и го одлучи денешното финале во ФА купот, а претстои и финалето во Лигата на шампионите против Интер.

Двете страни беа во разговори подолго време, а фудбалерот од средниот ред ќе ја соопшти одлуката по завршувањето на сезоната.

 

Scroll to Top