Капитенот на Манчестер сити, Илкај Гундоган се согласил да се приклучи на шампионите од Ла лига, Барселона, заминувајќи си од европските шампиони, јавуваат повеќе англиски и шпански медиуми.
Според Фабрицио Романо, германскиот рерпрезентативец склучил договор на две години со опција за трета година со каталонскиот клуб, кој му ветил дека тој ќе биде регистриран и покрај финансиските проблеми на тимот.
Гундоган заминува од Сити, каде што беше еден од клучните играчи во тимот кој освои тројна титула, и ќе донесе искуство во средниот ред на каталонскиот клуб, од каде што заминува Серхио Бускетс, и треба да биде ментор на младите ѕвезди од школата на Барса.
Пеп Гвардиола јасно порача дека сака да го задржи Гундоган во тимот, но Сити веќе почнаа да ја бараат неговата замена, договорувајќи се со Челси за трансферот на Хрватот Матео Ковачиќ.
Ilkay Gündogan to Barcelona, here we go! Final approval arrived on club side to register him as new signing, green light from the player. It’s done deal, signed few minutes ago. 🚨🔵🔴 #FCB
Gündogan has agreed a two year deal valid until June 2025 with option for further year. pic.twitter.com/Gr467hNBms
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 21, 2023