Манчестер сити преку Арсенал изборија пласман во полу-финалето, во Лига купот. „Граѓаните“, во Лондон, славеа со 4:1, со што ја продолжија агонијата во која се наоѓаат.
Пеп Гвардиола, по натпреварот, рекол дека Арсенал ќе згрешат доколку го отпуштат Микел Артета. Артета, три и пол години, му беше помошник на Гвардиола во Манчестер сити.
Арсенал, во Премиер лигата, се наоѓа на 15 место, со скромни 14 поени. Ова е најлош старт на клубот во една сезона, во последните 39 години.
„Добро ги познавам човечките и тренерските квалитети на Артета. Не измислувам работи, заедно работевме во Манчестер сити, заедно створивме еден од најуспешните клубови во англиската историја. Без него немаше да успеам“, рекол Гвардиола и дополнил.
„За да створите нешто, потребно ви е време, јас тоа го добив мо мојата прва сезона во Манчестер сити. Прашање на време е кога Артета ќе почне да бележи добри резултати“.