Top Sport

Гвардиола: Артета знае сѐ за Манчестер сити

Вечерва продолжува сезоната во Премиер лигата на Англија. На програмата е дербито помеѓу Манчестер сити и Арсенал. Менаџерот на Арсенал Микел Артета прв пат на „Етихад“ ќе води тим против Сити.Шпанецот пред да ги преземе „топџиите“ три години му беше помошник на Пеп Гвардиола.

Во најавата на натпреварот Пеп Гвардиола истакнал дека Артета е еден од најзаслужните за успесите на „граѓаните“.

„Возбуден сум што ќе го видам. Тој е еден од најпријатните луѓе што сум ги запознал. Задоволство беше да се работи со него. Чувствувам дека е среќен во Арсенал и дека таму одлично си ја врши работата. Со нетрпение чекам да го видам. Тој знае се за нас, беше исклучително важен за нашите успеси. Ни помогна да дојдеме на ова ниво. Ќе одиме на пијачка по мечот доколку тоа дозволи социјалното дистанцирање“, рекол Гаврдиола.

Натпреварот на „Етихад“ помеѓу Манчестер сити и Арсенал ќе започне во 21.15 часот.

Scroll to Top