Top Sport

Ларкин од Ефес доби 7,7 милиони евра

Американецот со турски пасош Шејн Ларкин ќе потпише нов две годишен договор со Анадолу Ефес, објави специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“.

Најдобриот играч изминатата сезона во Евролигата, според овој извор, од новиот договор ќе заработи 7,7 милиони евра.

Според договорот наредната сезона тој ќе добие 3,7 милиони евра, а во втората година од договорот ќе заработи четири милиони евра. Инаку во договорот постои клаузула според која тој може да го напушти Ефес доколку добие понуда од НБА лигата.

27 годишниот кошаркар минатата сезона во Евролигата ја заврши со просек од 22,2 поени по натпревар.

Во кариерата настапувал за Далас, Њујорк, Бруклин, Басконија и Бостон.

Scroll to Top