Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се соочува со големи кадровски проблеми, во пресрет на мечот со Ливерпул во Лига купот. Сити, вечерва ќе ги пречека „црвените“.
Гвардиола, најверојатно нема да може да смета на 11 играчи. Во тимот најверојатно нема да има играчи кои неодамна се вратија од Катар: Едерсон, Лапорт, Дијас, Кансело, Бернардо Силва, Алварез, Вокер, Стоунс, Филипс, Фоден и Грилиш.
Се очекува нападот да го предводи Ерлинг Холанд, кој тренираше со остатокот од тимот бидејќи неговата репрезентација не учествуваше на Светското првенство.
Ливерпул на овој меч ќе биде само без Ван Дијк и голманот Алисон, а нападот треба да го предводи Мо Салах.