Top Sport

Кутињо ќе биде позајмен во Коринтијанс

Фудбалерот на Астон Вила, Филипе Кутињо би можел да ја продолжи кариерата во бразилски Коринтијанс, објави менаџерот на бразилскиот играч Киа Јорабчијан, пренесуваат британските медиуми.

Британските медиуми пишуваат дека бразилскиот фудбалер, кај новиот менаџер Унаи Емери, нема да има место во стартната постава.

Кутиињо во Астон Вила го донесе екс-менаџерот, Стивен Џарад. Вила од Барселона го откупи договорот на Бразилецот за 20.000.000 евра.

Кутињо (30) кариерата ја започна во Васко де Гама, а потоа играше за Интер, Еспањол, Ливерпул, Барселона и Баерн.

Scroll to Top