Top Sport

Гвардиола: Благодарност за газдите на Сити кои шест години ме издржаа без да го освојам трофејот во ЛШ

Англискиот првак Манчестер Сити го победи Интер со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите и го освои историскиот прв трофеј во ова натпреварување. „Граѓаните“ се шестиот англиски тим со титула во европската елита.

За менаџерот Пеп Гвардиола тоа е трет европски пехар во ЛШ, прв со Манчестер Сити по шест години. Интересно, тој им се заблагодари на сопствениците кои не го отпуштиле и покрај тоа што досега шест години не можеше да го донесе трофејот на „Етихад“.

„Би сакал прво да им честитам на фудбалерите на Интер. Знам како се чувствуваат после еден ваков пораз, но треба да знаат дека во моментов се вториот најдобар тим во Европа. Јас така им велев на моите играчи кога загубивме минатиот пат. И дојде моментот кога успеавме да се искачиме на врвот на Европа. Сакам да им честитам на сопствениците на клубот, кои беа стрпливи и не ми дадоа отказ по шест години во кои не ја освоив Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top