Top Sport

Гвардиола: Една титула од ЛШ е ништо, многу клубови го имаат направено тоа

Обидот на Манчестер сити да ја одбранат титулата од Лигата на шампиони ќе биде полесна од долгиот пат до првата елитна европска титула, смета нивниот менаџер, Пеп Гвардиола.

Сити го кренаа својот прв трофеј од ЛШ минатата сезона со 1:0 победата над Интер во Истанбул, ставајќи крај на разочарувачка серја која траеше со години. Пред дуелот со Црвена звезда во првото коло, Гвардиола смета дека работите се сменети.

„Сега ќе биде полесно. Најтешко е да се освои првата. Тоа беше неверојатно за нас, но се работи само за една титула. Утре го правиме првиот чекор, и ќе се обидеме да ги освоиме првите три поени. Најважно е да моите фудбалери да не се опуштат. За нас трофеј од ЛШ е голема работа, но треба да ја ставиме во перспектива – многу тимови освоиле една титула од ЛШ. Тоа не е ништо посебно, и покрај нашата гордост на успехот“, вели Гвардиола.

Тој вели дека повредениото трио Џек Грилиш, Џон Стоунс и Матео Ковачиќ, кои не играа при 3:1 победата над Вест хем, ќе бидат отсустни и за мечот со српскиот шампион.

„Подобро се, но не се подготвени за утре. Се надевам дека ќе се вратат против Нотингем во сабота, бидејќи ни се потребни, а немаме толку голем тим во моментов“, додава Каталонецот.

Scroll to Top