Top Sport

Озил станува менаџер на турската репрезентација, Јоаким Лев на клупата?

Поранешната ѕвезда на Арсенал и Реал Мадри, Месут Озил е еден од главните кандидати да стане нов генерален менаџер на турската фудбалска репрезентација, додека на клупата би седнал неговиот поранешен селектор во репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев, тврдат германските и турски медиуми.

Турската фудбалска федерација демантираше дека му дала отказ на селекторот, Германецот Штефан Кунц и генералниот менаџер Хамит Алтинтоп, потврдувајќи дека во среда тренерот ќе се сретне со претседателот на федерацијата, Мехмет Бујукекши. Според „Билд“, незадоволството во репрезентацијата е поради слабата игра во квалификациите за ЕП, но и поради конфликтот кој Кунц го има со ѕвездата на Интер, Хакан Чалханоглу.

Германскиот „Билд“ додава дека двојката Лев-Озил е главен фаворит за лидерски двоец на репрезентацијата. Озил играше под Лев за Германија во 92 меча, постигнувајќи 23 гола од 2009 и 2018 и освојувајќи ја светската титула во 2014 година, за по СП во 2018 да се повлече од репрезентацијата поради „расизам и дискриминација“.

Озил се повлече од фудбалот во март по серијата повреди и конфликти во тимот на Истанбул Башакшехир.

Scroll to Top