Top Sport

Гвардиола ги исфрлил Грилиш и Фоден од тимот поради „однесувањето“?

Пеп Гвардиола вели дека промените кои ги направил во стартниот тим при 0:4 победата кај Њукасл биле поврзани со „однесувањето“ на одредени фудбалери.

Џек Грилиш и Фил Фоден, двајцата англиски репрезентативци кои беа стрелци при 7:0 победата над Лидс во вторникот, беа оставени на клупата само пет дена подоцна, и Гвардиола вели дека играле тие што „заслужиле“.

„Не, не се работеше за ротација. Одлучив на ваков тим, бидејќи тие момци заслужуваа да играат денеска, а не другите. Околу Божиќ секогаш посветувам посебно внимание на однесувањето на и надвор од теренот. И кога однесувањето надвор од теренот не е исправно, нема да играат. Мораш да бидеш фокусиран постојано, без разлика на празниците“, вели Гвардиола.

Scroll to Top