Top Sport

Нејмар се врати во Барселона, но наместо на суд замина на забава со сонародниците

Иако четвртокот го помина во Барселона за да помогне неговите адвокати да се договорат со фудбалскиот клуб околу исплатата на бонусот за лојалност, Нејмар наместо на суд отиде на забава со своите бразилски сонародници од клубот.

Откако ова лето помина во шпекулации околу неговото потенцијално враќање во Каталонија, Барселона побара од Нејмар да се откаже од судскиот спор за парите кои клубот наводно му ги должи како исплата за бонусите за лојалност во вредност од 26 милиони евра. Иако Бразилецот не го направи тоа, шпанските медиуми веруваат дека двете страни се блиску до договор.

Нејмар наместо судските постапки, излезе во град во ноќните клубови во Барселона, заедно со двајца од своите бразилски придружници, како и со фудбалерите Артур и Лео Баптистао. Денеска, тој се врати во Париз, оставајќи ги адвокатите да ја завршат работата.

 

View this post on Instagram

 

Squad

A post shared by 3n310ta ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Scroll to Top