Top Sport

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Пеп Гвардиола, еден од најуспешните тренери во историјата, го продолжи договорот со тимот на чија клупа седи од 2016 година.

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потпиша нов договор со „граѓаните“ до 2025 година. Гвардиола му се приклучи на Сити во 2016 година, претходно три години беше во Баерн Минхен. Шпанецот во Манчестер освои четири трофеи во Премиер лигата, но се уште не успеал да ја оствари главната цел, на „Етихад“ да го донесе трофејот од Лигата на шампионите.

Манчестер сити моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата, зад Арсенал, кој од клупата го предводи „ученикот“ на Гвардиола, Микел Артета. Во Лигата на шампионите, „граѓаните“ во осминафиналето ќе се сретнат со Лајпциг.

Scroll to Top