Top Sport

Атланта го стави Богдановиќ на трејд-листата

Атланта Хокс се подготвени да го стават на трејд листата српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ. Богдан Богдановиќ има 30 години и од 2020 година е член на Атланта Хокс каде пристигна од Сакраменто Кингс.

Богдановиќ беше избор на Феникс Санс на драфтот во 2014 година, но никогаш не заигра за овој тим. НБА кариерата ја започна во Сакраменто Кингс.

Извори од НБА лигата велат дека Богдановиќ останува на радарот на Феникс, бидејќи е одличен шутер и квалитетен дефанзивец.

Санс очигледно сакаат да се ослободат од Џеј Краудер, кој заработува околу 10 милиони долари годишно, а се зборува дека во тој пакет би можеле да го испратат и Лендри Шемет, како и Дарио Шариќ и Тори Крег заедно со некои пикови.

Според новинарот Кевин О’Конор, можно е Атланта и Феникс да направат трејд во кој покрај Богдановиќ од Атланта во пакетот би бил вклучен и крилниот играч Џон Колинс.

Scroll to Top