Top Sport

Гвардиола го врати Муриќ во Манчестер сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, експресно реагираше по повредата на резервниот голман Клаудио Браво и во клубот го врати Аријанет Аро Муриќ.

Браво, пред неколку дена, на тренингот ја скинал Ахиловата тетива и ќе најмалку шест месеци ќе биде надвор од тимот. Поради тоа Гвардиола веднаш од холандскиот прволигаш Бреда го вратил во Манчестер 19-годишниот голман.

Муриќ е висок 198 сантиметри и е член на репрезентацијата на Црна Гора до 21 година. Тој поседува и швајцарско државјанство, бидејќи е роден во Цирих. Муриќ има договор со Манчестер сити до јуни 2021 година.

За статусот на втор голман Муриќ ќе се бори со една година постариот Даниел Гримшоу. Местото на голот на Манчестер сити е резервирано за Бразилецот Едерсон.

Scroll to Top