Манчестер сити, во четврт-финалето во Лигата на шампионите, ќе игра против Борусија Дортмунд. „Милионерите“ ги предводат двајца млади фудбалери (Ерлинг Халанд и Џејдон Санчо) кои медиумите ги поврзуваат со Манчестер сити.
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, денес одржал прес-конференција, во пресрет на натпреварот со Евертон во Премиер лигата.
Прес-конференцијата на крајот се претвори во прашања за Борусија и Халанд.
„Ние сме привилегирани што сме меѓу најдобрите осум тимови во Европа. Борусија не сум ја гледал сезонава, немав време. Ќе се посветам целосно во текот на репрезентативната пауза. Дортмунд секогаш има добра тим“, рекол Гвардиола, а потоа проговорил и за Халанд, кој сезоната има постигнато 31 гол на 30 натпревари.
„Бројките говорат доволно. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Гледав неколку натпревари, ја гледам статистиката…Импресивно“.
Менаџерот на Сити не сакал да одговори на прашањето дали би сакал да го има Халанд во својот тим.
„Тој е фудбалер на Дортмунд. Не сакам кога други луѓе зборуваат за моите играчи, поради тоа не можам да одговорам на ова прашање“.