Top Sport

Гвардиола: И Рома троши многу пари па не се во ЛШ

Пеп Гвардиола и оваа сезона не успеа да го однесе Манчестер сити до трофејот во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ беа сопрени од Реал Мадрид на неверојатен начин во полуфиналето. Реал двомечот го добија со 6:5.

Во пресрет на мечот со Њукасл во Премиер лигата, Гвардиола на прес-конференцијата имаше интересен коментар зпарите кои ги троши Сити. За споредба Гвардиола ја зеде Рома.

„За мене ова не е прашање на пари, но навивачите не го разбираат тоа“, изјави Гвардиола, а потоа рече: „И Рома потроши многу пари, но не се во Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.

Рома пред оваа сезона потроши нешто повеќе од 100 милиони евра на пет играчи, додека Сити само за Џек Грилиш потроши 117 милиони фунти.

 

Scroll to Top