Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола повторно застана во одбрана на ВАР системот и покрај тоа што токму ова судиско помагало помогна Сити да бидат елиминирани во четврт-финалето на ЛШ од Тотенхем во драматичниот меч во средата.
ВАР прво го дозволи голот на Фернандо Љоренте за Тотенхем да намали на 4:3 (резултат кој ги носеше во полуфинале), а потоа го поништи голот на Рахим Стерлинг во последните минути од мечот за овој резултат да остане. Пред новиот дуел со Тотенхем овој викенд, овојпат во Премиер лигата, Каталонецот вели дека поддршката за ВАР останува.
„Секогаш сум го поддржувал ВАР, кога ми одговарал и кога не ми одговарал. Другите не го поддржуваа порано, но сега можеби го смениле мислењето“, вели Гвардиола.
Тој посочува дека по драматичниот меч, тимот мора да е концентрира на тесната борба за титулата со Ливерпул.
„Не сакам фудбалерите да го заборават искуството, бидејќи тоа беше неверојатно. Имавме среќа што го доживеавме тоа, бидејќи во еден момент бевме среќи, а момент подоцна бевме во очај. Во иднина сите ќе се сеќаваме на тоа како на неверојатен меч, заедно со тагата што не се квалификувавме. Тоа е фудбалот“, вели Гвардиола.
Гвардиола: Ние дадовме гол, другото го направи ВАР, а Љоренте даде гол со рака