Top Sport

Гвардиола: Ќе мораме да играме со вториот тим

Манчестер сити, во саботата го победи Вест Хем со 3:1 и ја задржа лидерската позиција на табелата. По натпреварот во Лондон, менаџерот Пеп Гвардиола се пожали на здравствениот билтен во неговиот тим.

„Помалку играчи на клупата е проблем. Кога имате многу повреди, проблемот не е само денес, туку утре или во наредните три-четири-пет натпревари. Жал ми е, ќе има натпревари каде што ќе треба играјте со играчи од вториот тим затоа што не смееме да ризикуваме со повреди на главните играчи. Кевин де Брујне и Џон Стоунс се уште се повредени, се уште не знам што се случува со Ковачиќ и Грилиш“, изјави Гвардиола и потоа додаде:

„Не знам колку време ќе бидат надвор од тимот… Мислам дека нема да бидат подготвени за Црвена звезда, ќе видиме одиме чекор по чекор“

Манчестер сити утре од 21 часот против Црвена Звезда ќе ја започне одбраната на титулата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top