Top Sport

Жоржињо ја одбил Барселона, во јануари се сели во Јувентус

Фудбалерот на Арсенал Жоржињо во зимскиот преоден рок ќе се врати во Серија А. Бразиелцот со италијански пасош ја одбил Барселона, откако на негова адреса стигнала понуда од Јувентус.

Поранешниот играч за врска на Наполи и Челси, постигнал договор со Јувентус. Наводно, на неговото доаѓање инсистирал тренерот на Масимилијано Алегри.

Жоргињо одигра само 17 минути на три натпревари за Арсенал оваа сезона, а јасно е дека заминувањето од Лондон во јануари е неизбежно.

Scroll to Top