Top Sport

Гвардиола: Ќе се вратам во Барселона Б

Актуелниот менаџер на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, за англиските медиуми открил дека е заинтересиран тренерската кариера да ја заврши онаму каде што ја започнал, во резервниот тим на Барселона.

Гвардиола ја предводеше Барселона Б во 2007 година, а потоа на клупата на првиот тим го наследи Франк Рајкард. Во неговата ера Барселона освои три титули во Шпанија, две во Лигата на шампионите и две на Светското клупско првенство.

„Моите тимови секогаш ќе се обидуваат да играат онака како што сакам јас“, рекол 47-годишниот тренер.

„Ќе завршам онаму каде што ја започнав тренерската кариера, во младите категории. Се надевам дека тоа ќе биде младинскиот погон на Барселона“, рекол Гвардиола, кој има договор со Манчестер сити до јуни 2021 година.

Некои медиуми шпекулираат дека Гвардиола би можел да се врати во Барселона, но како спортски директор.

Scroll to Top