Top Sport

Болт е најбрз и кога не ја допира земјата (Видео)

Одново и одново, најбрзиот човек на планетата Усеин Болт изнаоѓа начини да му приреди забава на целиот свет. Откако се пензионираше, се обиде да започне фудбалска кариера, има договор со Централ Коуст маринерс, но реши барем кратко да му се врати на трчањето.

Болт ја испроба својата брзина во услови кога нема гравитација. Не, тој не заминал во вселената. Болт бил учесник во „трката“ што се одржува во авион.Трката е наречена „Ербас Зиро – Г (Airbus Zero – G)“ и се „трча“ во бестежинска состојба.

Секако дека Болт победил, како што тоа го правеше и на Земјата додека беше активен на атлетските патеки.

Скромно фудбалско деби на Јусеин Болт (видео)

Scroll to Top