Top Sport

Гвардиола: Ливерпул ќе напаѓа, истото ќе го правиме и ние

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека неговиот тим нема да се брани на „Енфилд“ против Ливерпул, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Премиер лигашгата пресметка во Лигата на шампионите веројатно е најпривлечна за неутралните фудбалски фанови. Двомечот може да донесе вистински возбудувања и ревија на голови, а најфдбра најава е нивниот последен натпревар што заврши со победа на Ливерпул 4:3.

„Знам дека нашиот начин на игра совршено му одговара на Ливерпул, бидејќи тие се екипа која најдобро од сите го напаѓа просторот. Особено Мане, Фирмино и Салах, тие се многу добри. Меѓутоа и покрај тоа мислам дека најдобар начин за да стигнеме до победа е да играме како и досега“, рекол Гвардиола и дополни,:

„Двата тима се подготвени да играат. Тоа се двете најефикасни екипи во Премиер лигата. Мислам дека тимовите на Јирген Клоп се искрени и дека го го почитуваат она што го преставува фудбалот. Тие ќе напаѓаат, но истото ќе го правиме и ние. Ќе биде ова добар натпревар“.

Натпреварот Ливерпул-Манчестер сити ќе започне во 20:45 часот, а пресметката поради повреда ќе ја пропушти напаѓачот на „граѓаните“, Серхио Агуеро.

Scroll to Top