Серхио Кун Агуеро се мачи да се концентрира на фудбалот по смртта на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, иако додека беше жив не беше во најдобри односи со својот поранешен дедо (татко на неговата поранешна сопруга).
Агуеро беше оженет со најмладата ќерка на Марадона, Џанина во 2008 година, со која го има 11-годишниот син Бен, но бракот траеше кратко и во 2012 година тие се разведоа, по што Марадона неколку пати во јавноста го нападна напаѓачот на Сити, посебно за наводната афера која тој ја имал со аргентинската пејачка Карина Техеда.
Гвардиола вели дека очекува Агуеро да игра против Барнли утре, но признава дека не е во најдобра психичка состојба.
„Тешко ми е да зборувам за неговите чувства, но знам дека во средата против Олимпијакос му беше тешко. Посебно за неговиот син, бидејќи тој го познаваше Марадона многу добро како дедо. Тешка ситуација за семејството“, вели Гвардиола.
Агуеро се прости со Марадона преку социјалните мрежи: „Никогаш нема да те заборавиме, секогаш ќе си со нас“.
Nunca te vamos a olvidar. Siempre estarás con nosotros. #GraciasDiego QEPD pic.twitter.com/gP24l3un3p
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) November 25, 2020